Почетна2021-01-30T08:08:07+00:00

во режија
на Стојан Вујичиќ
ТРЕЈЛЕР СТЕЛА
„ ХОМО“
НА ИГОР ИВАНОВ
ТРЕЈЛЕР

НОВОСТИ

МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА СЦЕНА

НОВОСТИ

МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА СЦЕНА

ПОВЕЌЕ НОВОСТИ

ТРЕЈЛЕРИ

МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ

Медена земја Господ постои нејзиното име е Петрунија Дедо и внук Режија: Тамара Котевска, Љубомир Стефанов
Продуцентска куќа: Trice Films
Режија: Теона Стругар Митевска
Продуцентска куќа: Сестри и брат Митевски
Режија: Илија Пиперкоски
Продуцентска куќа: Pandora's Box Production
Режија: Стојан Вујичиќ
Продуцентска куќа: Dream Factory Macedonia
Стела Режија: Игор Иванов
Продуцентска куќа: Скопје Филм Студио
Хомо
Режија: Борјан Зафировски
Продуцентска куќа: Ново Македонско Видео
Ефектот на среќа Врба Режија: Милчо Манчевски
Продуцентска куќа: Банана филм
Незаборавна пролет во
заборавено село
Режија: Куштрим Бектеши
Продуцентска куќа: Мануфактура Продукција
Втора шанса Година на мајмунот Режија: Марија Џиџева
Продуцентска куќа: Small Moves
Режија: Дарко Попов
Продуцентска куќа: Панк Филм
Исцелител Режија: Теона Стругар Митевска
Продуцентска куќа: Сестри и брат Митевски
Кога денот немаше име Режија: Ѓорче Ставрески
Продуцентска куќа: Фрагмент Филм

ТРЕЈЛЕРИ

МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ

Хомо Режија: Игор Иванов


Продуцентска куќа: Скопје Филм Студио
Стела Режија: Стојан Вујичиќ


Продуцентска куќа: Dream Factory Macedonia
Медена земја Режија: Тамара Котевска, Љубомир Стефанов


Продуцентска куќа: Trice Films
Господ постои нејзиното име е Петрунија Режија: Теона Стругар Митевска


Продуцентска куќа: Сестри и брат Митевски
Дедо и Внук Режија: Илија Пиперкоски


Продуцентска куќа: Pandora's Box Production
Незаборавна пролет во заборавено село Режија: Куштрим Бектеши


Продуцентска куќа: Мануфактура Продукција
Врба Режија: Милчо Манчевски


Продуцентска куќа: Банана филм
Ефектот на среќа Режија: Борјан Зафировски


Продуцентска куќа: Ново Македонско Видео
Втора шанса Режија: Марија Џиџева


Продуцентска куќа: Small Moves
Година на мајмунот Режија: Дарко Попов


Продуцентска куќа: Панк Филм
Кога денот немаше име Режија: Теона Стругар Митевска


Продуцентска куќа: Сестри и брат Митевски
Исцелител Режија: Ѓорче Ставрески


Продуцентска куќа: Фрагмент Филм

ОТВОРЕНИ КОНКУРСИ

НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

ОТВОРЕНИ КОНКУРСИ

НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

I. Општи информации

Конкурсот се распишува за производство на:

– долгометражен (игран, документарен и анимиран) филм и

– краткометражен (игран, документарен и анимиран) филм

Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Република Северна Македонија може да биде:

– Домашен филм, односно национален филм и мнозинска копродукција и

– Ко-продукциски филм со малцински финансиски удел на Република Северна Македонија (малцински ко-продукции)

Конкурсот е отворен во текот на целата година, а одлучувањето по доставените филмски проекти е двапати годишно и тоа: во Април и во Октомври.

Крајниот рок за доставување на пријави:

– за првиот рок на одлучување до 31.03.2021 г. (среда) и

– за вториот рок на одлучување до 03.08.2021 г. (вторник)

II. Право на учество и услови за конкурирање

Право на учество на Конкурсот имаат само филмски продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија за вршење на дејност производство на филмови како претежна дејност и продуценти кои ги исполнуваат условите наведени во точка II од Пријавата.

Во зависност од должината на времетраењето на филмот ќе се разгледуваат пријави за:

– Долгометражен игран и анимиран филм чија должина на времетраење на филмот е над 70 минути

– Долгометражен документарен филм чија должина на времетраење на филмот е над 60 минути

– Краткометражни филмови (игран, документарен и анимиран) чија должина на времетраење е до 30 минути

III. Начин и рок на пријавување

Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.

Целосната документација доставена со Пријавата на Конкурсот задолжително се доставува и по електронски пат на: info@filmagency.gov.mk.

Доставените Пријави и доставената документација по Конкурс не се враќаат на подносителот.

На конкурсот може да се пријават филмски продуценти со најмногу два проекти од различни категории.

IV. Приоритети за финансирање на проекти

Приоритет при одлучувањето на Конкурсот ќе имаат филмски проекти кои покрај уметничкиот имаат и третираат современи, универзални теми и се со потенцијална циркулација, ја афирмираат Република Северна Македонија, како и автентични филмски проекти од реномирани македонски автори, млади автори – дебитанти, автори жени и малцински копродукции кои ќе придонесат за унапредување на македонската кинематографија.

V. Критериуми и мерила за евалуација на проекти

Филмските проекти се евалуираат согласно Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа според следните критериуми:

– Оргиналност, автентичност и квалитет на содржината на сценариото;

– Режисерска експликација за проектот

– Успешност на филмскиот продуцент;

– Успешност на режисерот и

– Изводливост на филмскиот проект во однос на буџетот, сложеноста, планот и термините за снимање.

VI. Висина на учество на Агенцијата во финансирањето

1. Агенцијата ќе учествува во финасирање на филмските проекти со средства во висина до најмногу 70% од вкупниот буџет и тоа за:

– Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 5.000.000 денари;

– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 3.000.000 денари.

2. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмските проекти за дебитански филм со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:

– Долгометражен игран и анимиран филм не повеќе од 25.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 3.000.000 денари;

– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 1.000.000 денари

3. Агенцијата ќе учествува во финансирање на филмски проекти од посебен интерес за Република Македонија со средства до најмногу 90% од вкупниот буџет и тоа за:

– Долгометражен игран и анимиран филм кои може да бидат и повеќе од 62.000.000 денари и за долгометражен документарен филм не повеќе од 10.000.000 денари;

– Краткометражен игран, документарен и анимиран филм не повеќе од 4.000.000 денари

Задолжителни обврски за филмскиот продуцент е при изработка на буџетот во средствата кои ги побарува од страна на Агенцијата да ги предвиди и средствата за маркетинг, промоција, дистрибуција и изработка на ДВД на филмовите, како и надоместоците за авторски и други хонорари кои ќе бидат финансирани од Агенцијата да ги утврдува согласно член 28 од Законот.

VII. Начин на користење на финансиските средства за проекти што ќе бидат избрани на Конкурсот

1. За домашни филмови (национални филмови и мнозински ко-продукции) најмалку 65% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија

2. За ко-продукциски филмови (малцински ко-продукции) најмалку 80% од средствата доделени од Агенцијата мора да се трошат во Република Северна Македонија

Филмскиот продуцент корисник на финансиските средства е должен истите да ги троши исклучиво од оперативната сметка за посебни намени т.н наменска сметка отворена за проектот и да се придржува до финансискиот план, оперативниот план и буџетот кои се составен дел од договорот. По секоја фаза на реализација на филмскиот проект до Агенцијата доставува извештај за потрошени средства, документација за направените трошоци (договори, фактури, сметки) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

VIII. Еднократен надоместок за администрирање на проектот

За администрацијата на филмските проекти (прием и архивирање на проект, копирање и достава до рецензенти, авторски хонорар за рецензенти на проектите, евалуирање на проектите и одлучување по истите, изготвување на известувања до продуцентските куќи, поштенски услуги, телефонски услуги и сл.), уплатата се врши на Образец ПП50 со цел на дознака: Уплата за Конкурс за финансирање проекти. Назив на примачот: Агенција за филм на Република Македонија, Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 180106036478714 приходна шифра: 725939 програма: 31

Висината на надоместокот за администрација на филмските проекти е:

– За долгометражни (игран, документарен и анимиран) филмови 8.000 денари

– За краткометражен (игран, документарен и анимиран) филмови 4.000 денари

Овие средства се неповратни без разлика дали проектот ќе биде прифатен или одбиен од страна на Агенцијата за филм.

IX. Начин и рок за поднесување на барањата

Пријавата со прилог задолжителна документација и друга документација за Конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март бр. 4, или со нивно предавање во архивата на Агенцијата со назнака „Пријава на Конкурс за производство на филмови’’, како и по електронски пат info@filmagency.gov.mk најдоцна до 15:00 часот.

X. Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска и аудиовизуелна дејност на телефонскот број 02/3224-100 или електронски на: info@filmagency.gov.mk и contact@filmagency.gov.mk

* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ НАЦИОНАЛЕН ФИЛМ И МНОЗИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (*.pdf)

* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ НАЦИОНАЛЕН ФИЛМ И МНОЗИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (*.doc)

* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ- МАЛЦИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (*.pdf)

* ПРИЈАВA ЗА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН И КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ- МАЛЦИНСКА КОПРОДУКЦИЈА (*.doc)

I. Општи информации 

 

Конкурсот се распишува за учество на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија во финансирање на домашни филмови и филмови со македонско малцинско учество кои се во фаза на постпродукција, за меѓународна промоција на домашни филмови преку учество на фестивали и манифестации и поддршка за промоција и дистрибуција на филмови во Република Северна Македонија и во странство за 2021 година и промоција на Република Северна Македонија како филмска дестинација.

Конкурсот е наменет за филмови кои во моментот на аплицирање се во фаза на пост продукција или се во целост завршени со реализацијата и не се претходно, по било кој основ, поддржани од страна на Агенцијата за филм.

За меѓународна промоција може да конкурира филмски продуцент на филм кој во момент на поднесување на барањето не е поминато повеќе од една година од денот на неговото премиерно прикажување.

II. Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година

Пријавувањето се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk) да се пополни на македонски јазик со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

 

За секоја Пријава се одлучува поединчено согласно Законот за филмската дејност со Одлука на Управен одбор во рок до 30 дена од денот на поднесувањето.

Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија склучуваат договор за учество во финансирање зависно од доставеното барање.

На Конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

– cе поднесени од страна на филмски продуцент, кој во Центарлниот регистар на Република Северна Македонија не е регистриран со претежна дејност – производство на филмови;

– се поднесени на  несоодветен  образец –  Пријава по Конкурс;

– се  непотполни и неуредно доставени

III. Начин на користење на средства 

Правните лица чии барања се одобрени на Конкурсот, односно корисниците на средствата се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно Законот за филмската дејност и останатите позитивни законски прописи во Република Северна Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

IV. Начин на пријавување по Конкурс

Документацијата по Конкурс треба да се достави до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“ бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на Конкурс за учество на Агенцијата во финансирање на домашни филмови и филмови со македонско малцинско учество“.

V. Дополнителни информации 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност на телефонскот број 02/3224-100.

*Пријавa за финансирање на дореализација на домашни филмови за меѓународна промоција преку учество на фестивали и манифестации, промоција и дистрибуција во Република Северна Македонија

*Пријавa за финансирање на домашни филмови за нивна дореализација, за меѓународна промоција преку учество на фестивали и манифестации и промоција и дистрибуција во Република Северна Македонија –  за филмови со македонско малцинско финансиско учество

I. Општи информации

 

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:

 

  • за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот;
  • за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации.

Конкурсот е наменет за кадри од областа на филмот – физички лица кои се имаат стекнато со високо образование од областа на филмската дејност и кои се државјани на Република Северна Македонија, и за поддршка на проекти за членство на Република Северна Македонија во меѓунардони филмски организации и асоцијации.

Право на поддршка на стручното и професионално усовршување на кадри од областа на филмот имаат физички лица кои во моментот на конкурирање работат и/или имаат искуство во работа на проекти кои се на тема која е тесно поврзана со програмата за едукација за која се побарува поддршка за присуство.

Право на поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации имаат правни лица како и непрофитни организации, задруженија на граѓани кои се регистрирани за вршење на дејност во областа на филмската дејност, регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија.

II. Рок за достава на Пријави и донесување на Одлуки по Конкурс

 

–  Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година.

– За секое барање се одлучува поединчено со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на конкурирањето.

– Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за поддршката зависно од доставеното барање.

III. Начин на доставување на Пријави

Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.

Пријавата по Конкурс со потребната документација треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или во Архивата на Агенцијата. Апликантите се должни пријавата со прилог документацијата да ја достават најмалку 15 дена пред почеток на настанот.

VI. Дополнителни информации 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100

* Пријавa за финансирање на стручното и професионално усовршување на кадри во областа на филмот

* Пријавa за поддршка на членство на република северна македонија во меѓународни филмски организации

Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на Република Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА 2021 ГОДИНА

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа за:

– Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер

II ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен Регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.

III ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм на Република Македонија финансира проекти кои:

  • македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
  • имаат европски, односно меѓународен карактер;
  • го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
  • се засновани на стручно и професионално знаење;
  • имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
  • имаат занчителна посетеност;
  • се одржуваат континуирано и со традиција;
  • имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите.

IV  КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Постапката за евалуација и одлучување на проектите, подетално е опишана во Пријавата за учество на Конкурс објавена на веб страната на Агенцијата за филм

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

–              се доставени по истекот на рокот за пријава на проекти по Конкурсот;

–              не се поднесени на Пријава соодветна за овој Конкурс;

–              се  непотполни и неуредно доставени

V  ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм може да учествува во финансирањето на поднесените проекти согласно финансиските можности, а најмногу до 70% од вкупниот буџет на проектот.

VI  НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Корисниците се обврзуваат дека сите средства доделени од страна на Агенцијата ќе ги користат наменски, законски, рационално и економично согласно буџетот на проектот, од сметка за посебни намени т.н наменска сметка.

VII НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета Пријава  која е составен дел од Конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’.

Воедно Пријавата и документацијата во прилог на Пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: arhiva@filmagency.gov.mk

Краен рок за достава на Пријави по Конкурс е 29.01.2021 година.

VIII ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

Проектите прифатени на Конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

IX ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил contact@filmagency.gov.mk

СИТЕ КОНКУРСИ