АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ГО ОБЈАВИ ПАРТНЕРСТВОТО СО “LESS IS MORE”

На 26-ти септември од страна на Агенцијата за филм на Р.М. во рамките на 39. Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола беше објавено едногодишното партнерство со обуката за развој Less Is More креирана од страна на Le Groupe Ouest (Франција). Целта на програмата е да им помогне на филмските професионалци во интеграцијата на реализација на филмови со лимитиран буџет уште од самиот почеток , односно развојот на проектот.

Во рамките на оваа тренинг програма ќе се одржат бројни активности кои ќе бидат реализирани како дел од ова партнерство, а како особено важна ја истакнуваме организацијата на работилницата за локалните филмски професионалци наловена како „Pre-Writing Workshop”.

Целата на работилницата е да се приберат идеите за филмови од сите учесници, зајакнувајќи и усмерувајќи ги да склопат силни проекти за идни филмови уште пред да влезат во процес на развој. Работилницата ќе ги воведе учесниците во знаења како буџетските ограничувања можат да предизвикаат креативност. Ова е прва работилница од ваков тип која ќе се организира во Македонија и која е наменета единствено за македонските филмски професионалци кои ќе се стекнат со знаења од меѓународно истакнати скрипт доктори.

Присутните млади филмски професионалци пројавија интерес за работилницата и затоа од сето ова очекуваме дека ќе се роди нов филмски бран на покреативни, пооригинални и покомуникативни проекти, што е наша стратешка цел.

Повеќе за оваа тренинг програма може да се најде на следниов линк: https://lim-lessismore.eu/

2018-09-27T12:49:10+00:00