Агенцијата за филм е дел од втората сесија од програмата Less is More во рамките на Трансилванија Филм Фестивал 2019

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија воспостави едногодишно партнерство за соработка со програмата Less Is More 2019. Овогодинешната програма е планирана да се реализира во три работни сесии, од кои првата се одржа во Краков, 05-10 март 2019 година, а втората се случува за време на Трансилванија Филм Фестивал 2019 во  Клуж Напока, Романија од 31.05-09.06.2019 и третата треба да се одржи во регионот Британи, Франција од 11-16 Октомври.

Програмата LIM  е поддржана од Креативна Европа – МЕДИА програма на Европската Унија и е предводена од Le Groupe Ouest [1], во соработка со Control N (Романија), Vlaams Audiovisueel Fonds – VAF (Белгија), Канцеларијата на фестивалот во Краков – KBF (Полска) и Меѓународниот филмски фестивал во Трансилванија – TIFF (Романија) во партнерство со Литванскиот филмски центар, Норвешки филмски институт, како и со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Во рамките на Трансилванија Филм Фестивал, денеска започна втората сесија со презентација на целосната агенда на настанот и сите активности кои ќе се одвиваат наредните денови.

Агенцијата за филм со свој претставник присуствува на оваа сесија, на која како учесници од Македонија се селектирани Ѓорче Ставревски во делот Project Dvelopment со неговиот нов проект кој е во развој и Елена Станишева во делот Developing Angels.

На оваа  сесија ќе бидат презентирани 16 проекти на LIM, кои сé уште се наоѓаат во рана фаза на развој, а авторите ќе се соочат со филмски професионалци.  Меѓу овие професионалци се производители, дистрибутери, агенти за продажба, радиодифузери. Целта на оваа средба е да се создаде и меѓународна мрежа на филмски професионалци, сите обединети околу целите на ЛИМ: употребата на ограничувањата како нов импулс во независна кинематографија.

Како дел од активностите кои партнерски ќе се реализираат мегу ЛИМ програмата и Агенцијата за филм е работилницата за пишување на сценарио “LIM | Less Is More Pre-writing workshop” која ќе се одржи во Битола, во рамките на 40 јубилејно издание на ИФФК „Браќа Манаки“ и повикот за неа е отворен за пријава.

Во официјалната програма на Трансилванија Филм Фестивал ќе биде прикажан македонскиот филм „Господ постои, Петрунија и е името“ на Теона Митевска Стругар.

https://tiff.ro/en/film/god-exists-her-name-petrunija

2019-06-07T15:48:12+00:00