Агенцијата за филм на Република Северна Македонија на Marche du film – Кански филмски фестивал – ПРВ ДЕН

ДЕН 1

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија го отвори својот промотивен штанд во рамките на филмскиот маркет (SEE Pavilion no.133) каде и оваа година ќе ја промовира македонската кинематографија и филмските новини.

Како позначајно претставување на нашата земја оваа година е учеството на нашата млада авторка Елеонора Венинова,чиј краткометражен филм The Sign  е дел од проектот SEE Factory каде пет автори од регионот ги претставија своите филмови и ја отворија програмата Quinzaine des realisateurs.

Како дел од работните активности во рамки на павилјонот, македонскиот штанд го посетија и професионалци од филмската индустрија заинтересирани за идни филмски  соработки.

2019-05-18T00:07:55+00:00