ДЕН 2

Штандот на Агенцијата за филм беше посетен од  страна на фестивалски селектори заинтересирани за македонската најнова филмска продукција, додека нашиот претставник во мрежата на Европска филмска промоција (EFP) присуствуваше на активностите организирани од страна на оваа асоцијација.

Вечерта беше организирана и забавата во чест на премиерата на 5те краткометражни филмови, дел од проектот SEE Factory, кои беа прикажани на отворањето на Quinzaine des Realisateures.