ДЕН 3

Во текот на денешниот ден на македонскиот штанд се одржаа состаноци со значајни претставници од филмската индустрија во насока на договарање на потенцијални идни соработки.

Позначајна средба беше остварена со г. Јожко Рутар, член на борд на директори  на CEE Animation каде беше разговарано за можна соработка и вклучување на Агенцијата за филм  во организација на акитвиности на CEE Animation,  што претставува водечка платформа за анимиран филм од централна и источна Европа.

Воедно, средба беше остварена и со челниците на Асоцијацијата EFAD’s каде беше дискутирано за можноста Агенцијата за филм да стане нејзин член. Одлуката дали ќе биде прифатено нашето барање за членство се очекува да биде соопштена во текот на утрешниот ден.

Проекција на Marche du film

Филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“  во режија на Куштрим Бектеши, копродукција помеѓу Македонија, Албанија и Косово вечерта со почеток од 18.00 ч. имаше своја проекција на филмскиот маркет,  во салата GREY 3.