Анимацијата ЕДНА на Вук Митевски со престижна награда на Краков Филмскот Фестивал и директна номинација за Европските филмски награди

Kраткометражната анимација ЕДНА на Вук Митевски на штотуку завршениот филмски фестивал во Краков ја освои наградата на жирито за најдобар европски краткометражен филм и со ова добива директна номинација за Европската филмска Академија https://www.krakowfilmfestival.pl/en/awards-of-59th-krakow-film-festival/

Европската Филмска Академија, листата на 15 номинации за најдобар краток филм ги добива од наградените филмови од 15 фестивали. Меѓу овие фестивали од кои се добива директна номинација се и Венецискиот, Берлинскиот, Локарно, Сараевскиот како и Краков Филмскиот фестивал каде што ЕДНА ја освои оваа награда.

Куризиоитет е што на Краков Филмскиот фестивал оваа награда се одбира од филмовите во две селекции за краткометражен игран филм и анимиран филм заедно, и токму ЕДНА е од страна на петтчленото жири ја доби оваа престижна  награда.   https://www.europeanfilmacademy.org/News-detail.155.0.html?&tx_ttnews%5Btt_news%5D=647&cHash=54160caa95bdf4ab58b3d4e0c77b13cb

ЕДНА е 11 минутна анимација која беше инспирирана од бегалската криза, каде што Македонија како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Во суштина ЕДНА е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и на авторот му беа потребни скоро три години за да ја изработи оваа магична анимација.

ЕДНА е копродукција помеѓу Македонија и Белгија и е подржана од Агеција за филм на Република Северна Македонија.

2019-06-03T15:28:39+00:00