Бардо (работен наслов: Балон)

Оригинален формат:
Red
Година на објавување:
2012
Времетраење:
14 мин.
Режисер:
Марија Апчевска
Монтажа:
Горан Вуќиќ
Сценарио:
Марија Апчевска, Катерина Момева
Директор на Фотографија:
Владимир Самоиловски
Музика:
Александар Пејовски
Главни Улоги:
Марија Благоевска, Маја Велковиќ, Љупка Џундева, Кирил Псалтиров
Кратка содржина:

Гробишта во предградие на голем град. Гробари, свеќари, питачи и посетитли за кои смртта е забавно секојдневие, а гробиштата се место зна живот. Пристигнува погребна поворка. Починатиот е многу млад. Цела фамилија е нажалена, но ритуалноста која преоѓа во комичност не остава време за солзи. Целата таа слика е видена преку очите на пет годишната ќерка на починатиот, која е премногу млада за да ја сфати смртта сериозно. Запоставена од тетка и наоѓа забава во децата кои играат фудбал во непосредна близина до гробиштата, кога ко од мала куќичка се појавува продавач на хелиумски балони. Балоните се во форма на глави од луѓе и животни. Девојчето се радува на балоните и без двоумење одбира еден со искривен нос, кој ја потсеќа на татко и. Низ радосните очи на девојче со балон во рацете погребните ритуали делуваат како комична детска игра. Среќна што го добила балонот, се обидува да ја израдува мајка си. Наместо тоа балонот од нејзините раце, завршува во воздухот. Девојчето е за прв пат тажно. Балонот лета и и го одвлекува вниманието на поворката. Не гледаат во ковчегот кој во моментот го спуштаат во земјата, туку кон балонот кој лета во воздухот. Девојчето гледа во балонот. Погледот од надгробната слика на починатиот се чини како да го следи балонот. Една по друга различни слики од надгробни плочи. Интересни изрази на лицата на починатите. Во позадина тече весела романтична музика, која се провлекува низ целиот филм како light мотив.

Награди :

Награда ‘Cinecourts’- Синемед- Фестивал на медитерански филм, Монпелие,Франција, 2012

Специјална награда за кинематографија „Мала Златна Камера 300“ – Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012

Најдобар краткометражен филм – Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2012

Награда за најдобар краткометражен филм – Меѓународен филмски фестивал „Дрим Фест Синема“, Слатина, Романија, 2012

Најдобар краткометражен филм во програмата Глобална фикција – Меѓународен фестивал на краткометражен и документарен филм АСТЕРФЕСТ, Струмица, Македонија, 2012

Награда „Ацо Алексов“ за најдобар македонски автор – Меѓународен фестивал на краткометражен и документарен филм АСТЕРФЕСТ, Струмица, Македонија, 2012

Фестивали:

Фестивал на краткометражен филм во Гренобл, Франција, 2016

Детски филмски фестивал Сиетл, Вашингтон, САД, 2014

Меѓународен филмски фестивал за деца – Children’s India, Индија, 2014

Меѓународен филмски фестивал за деца и млади “Giffoni-Experience”, Италија, 2013

„Џифони Македонија“ филмски фестивал за деца и млади, Македонија, 2013

Берлински Филмски Фестивал-БЕРЛИНАЛЕ, Германија, 2012 (во програма Generation)

ИФИ Фемили Фестивал, Ирска, 2012

Филмски Фестивал „Златен кожурец“, Адана, Турција, 2012

Фестивал на европски филм – Синедејс, Скопје, Македонија, 2012

Продуцентски куќи:
Авеа Филм

Квазар филм
2018-10-25T10:39:00+00:00