Берлин: Конструктивни средби со првите луѓе на „Еуроимаж“ и „Европскиот филмски маркет“ – се зголемува интересот за македонската кинематографија

Берлин: Конструктивни средби со првите луѓе на „Еуроимаж“ и „Европскиот филмски маркет“ – се зголемува интересот за македонската кинематографија

Во Музејот Мартин Гропиус Бау кој веќе десет години за време на одржувањето на берлинскиот филмски фестивал е централно место на европскиот филмски маркет , министерот за култура на РМ Асаф Адеми и директорот на Агенција за филм Горјан Тозија се сретнаа со водечките професионалци на „Европскиот филмски маркет“ и „Еуримаж“.

На состанокот со директорот на европскиот филмски маркет, г. Матијас Вутер Кнол Министерот Адеми се заблагодари за досегашната соработка земајќи во предвид дека Македонија традиционално е присутна на маркетот со разни активности за промоција на македонската кинематографија, како што се проекција на македонски филмови и закупување на простор за рекламирање на македонската кинематографија преку постери од последните македонски филмови.

Средбата беше со цел да се продлабочи соработката со Маркетот и потребата од македонски промотивен штанд со цел да се постигне поголема видливост и промоција на нашата најнова филмска продукција што е особено значајно за кинематографиите што доаѓаат од малите земји.

Со претседателката на „Еуроимаж“ г-ѓа Кетрин Траутман и извршниот директор г. Роберто Ола, се дискутираше за досегагашната поддршка на овој европски фонд на македонскиски проекти како и за насоките на размислувањата на „Еуримаж“ во однос на финансирањето на проектите особено од малите земји, како Македнија, членки во овој финд за копродукции.

Евидентна е позитивната атмосфера што се создаде кон македонската кинематографија со учеството на филм во трката за наградта„Златна мечка“, а за министерот Адеми ова е уште еден мотив европските фондови да дадат поголема поддршка на македонскиот филм. Тој се заблагодари за досегашната високо професионална соработка со Македонија како земја членка на Еуримаж со желба и во иднина македонската кинематографија да  продолжи како и до сега да ги следи европските стратегии во филмската дејност и да создава квалитетни европски ко-продукции.

По одржувањето на состаноците, во 16.00 часот се одржа и премиерата на филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“  каде што освен бројните официјални лица, присуствуваше голем дел македонската екипа во филмот.

Годинава, на маркетот беа одржани проекции на филмот во официјална конкуренција  „Господ постои, се вика Петрунија“ на  Теона Стругар  Митевска и филмот  „Хеј!“ на  Васил Христов.

2019-02-11T09:14:26+00:00