Борба за смрт

Оригинален формат:
DCP
Година на објавување:
2016
Времетраење:
15′
Режисер:
Елеонора Венинова
Продуцент:
Гоце Кралевски
Монтажа:
Гоце Кралевски
Сценарио:
Елеонора Венинова
Директор на Фотографија:
Димо Попов
Музика:
Кристијан Сенсини
Главни Улоги:
Мите Грозданов, Илија Струмениковски
Кратка содржина:

Во напуштено македонско село последниот жител, дедо Милојко, го посетува гробот на неговата сопруга. Таму внимателно си ја планира сопствената смрт во празниот гроб до нејзиниот. Неговиот план се чини совршен се додека едно утро не се соочи со уште постар човек, дедо Јанко, кој седнал на другата страна од празниот гроб. Јанко тврди дека отворениот гроб е на родителите и си го кандисал за себе. Двајцата мажи почнуваат да се расправаат за тоа кој ќе умре во последниот гроб. Во апсурден пресврт, борбата за смрт на Милојко се претвора во борба за животот на човекот кој не го ни познава.

Фестивали:

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Македонија, 2016

Светски филмски фестивал, Монтреал, Канада, 2016

Филмски фестивал ЈАГРАН, Индија, 2016

Атински филм & видео фестивал, Охајо, САД, 2016

Продуцентски куќи:
ДНФ Филмс 
Његошева 18 
1000 Скопје
Македонија 
+ 389 70 351 279
gkralevski@gmail.com
 
2018-09-19T17:20:20+00:00