Оригинален формат: RED 4 K

Година на објавување: 2012

Времетраење: 15 мин.

Режисер: Синиша Ефтимов, Бојан Трифуновски

Продуцент: Борјан Зафировски

Извршен Продуцент: Огнен Димитриовски, Катерина Зафировска

Монтажа: Божидар Јовановиќ

Сценарио: Синиша Ефтимов, Бојан Трифуновски

Директор на Фотографија: Кристијан Војдановски

Музика: PMG, The John

Главни Улоги: Дејан Лилиќ, Оливер Митковски, Мирко Попов


Кратка содржина:

Тројца браќа. Еден град. Многу соништа. Нема супер херои, ниту пак сериски убијци. Тато е мртов. Тројцата браќа се обидуваат да направат краток филм, за таа цел го пишуваат првиот нацрт за три години. Во меѓувреме се преправаат дека се мрзливи богови, а покривот е нивниот храм. Таму тие размислуваат за повеќето непознати субјекти, во однос на градот во кој живеат. Пушат премногу и размислуваат за насловот на филмот. Тоа се двајца браќа кои се обидуваат да направат филм, а третиот е кретен.


Награди:

Специјална награда од жири – Фестивал на храна и филм, Поградец, Албанија, 2013


Фестивали:

  • Балкан филм фест, Лублин, Полска, 2013
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012
  • Фестивал Диесе, Дижон, Франција, 2012
  • Фестивал на авторски филм, Белград, Србија, 2012

Продуцентски куќи:
Ново Македонско Видео
Караорман бр.26
1000 Скопје, Македонија
[email protected]
www.nmv.com.mk