Според Американската академија за филмски уметности „Медена земја“ е нешто врвно, стои во текстот на Карол Хорст во познатиот американски магазин „Варајети“.

„Не е чудо што оваа горчлива човечка приказна со силна геополитичка резонанца и визуелен раскош и го привлече вниманието на Академијата.  Дополнително привлекува тоа што режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ја раскажуваат својата луцидна приказна без нарација и текст – имате редок филм што е силен противкандидат во која било категорија и која било година“, посочува Хорст.

Во  „Варајети“  осамна наслов во кој македонскиот документарец „Медена земја“ заедно со Нетфликс, Џон Вилијамс и филмот „Џокер“ се откритијата помеѓу номинираните за Оскар оваа година.

Во текстот на Карол Хорст, стои дека „според  Американската академија за филмски уметности „Медена земја“  е нешто врвно“.

Борбата на македонската пчеларка за одржување на античкиот начин на живот собра три награди на престижниот филмски фестивал „Санденс“ во 2019 година. Сега „Медена земја“ е прв кандидат со двојна номинација за „Оскар“ за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

„Медена земја“ успева заради елементите што традиционално се почитуваат  во секоја  категорија.

Документарните филмови кои се однесуваат на теми поврзани со природата и животната околина се атрактивни за Академијата уште од 1948 година. Таа година „Островот на фоките“ во продукција на „Дизни“ освои Оскар. Исто и како „Маршот на пингвините“ кој во 2006 година доби „Оскар“ за најдобар документарен филм и филмот „Free Solo” кој минатата година ја понесе оваа награда.

Во недопрените ридови надвор од Скопје е зумирана битката меѓу животот и смртта на ривалските пчелари која предизвикува катастрофа за хероината Атиџе Муратова, се вели во текстот на „Варајети”.

Пофален од Гај Лоџ,  „Варајети“ кој потенцира дека филмот е неочекувано исполнет со богата морална тензија  „Медена земја“  го прикажува судирот меѓу Атиџе и турските доселеници чија сиромаштија ја уништува рамнотежата.