„Види ја ти неа“ во официјалната програма на Солунскиот филмски фестивал

Краткиот филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски, ќе биде прикажан во Официјалната програма Balkan Survey на 59. Интернационалниот филмски фестивал во Солун, каде ќе има има 2 проекции, на 5-ти и 11-ти ноември.

Пред Солунскиот фестивал филмот ќе го прикаже и Интернационалниот филмски фестивал за краток филм во Рига каде проекцијата е закажана за 26.10, а следуваат и претставувања и на 16.Филм фронт-Нови сад, Србија, 27. Секвенс-Интернационален филмски фестивал на краток филм во Тулуз, Франција, 5.Фестивал на краток филм во Гоа и други фестивали.

Филмот , чиј официјален интернационален дистрибутер од фебруари годинава е Премиум филмс од Франција досега е селектиран за официјалната програма на над четириесет фестивали низ светот.

 „Види ја ти неа“ е во продукција на Црна Мачка Продукција, во копродукција со Скопје Филм Студио, а беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.

2018-10-26T14:28:05+00:00