Година на објавување: 2013

Режисер: Елеонора Венинова

Продуцент: Небојша Илиевски

Сценарио: Елеонора Венинова

Директор на Фотографија: Димо Попов


Кратка содржина:

Кога двајца планинари ќе го најдат масакрираното тело на едно 7 – годишно девојче, детективката Вајлд ќе се зафати со решавање на случајот како нејзиниот живот да зависи од тоа. Но, уште од самиот почеток случајот се заплеткува кога форензичките анализи потврдуваат дека она што го нашле на местото на злосторството се всушност остатоци од мртво магаре измешани со крвта на девојчето. Единствениот зрак надеж за детективката е единственото влакно кое е пронајдено на местото на настанот, за кое се претпоставува дека припаѓа на убиецот. Кога анализите ќе се вратат покажувајќи дека убиецот е жена, детективката Вајлд нема избор освен целосно да ја преиспита нејзината теорија, но и нејзиниот здрав разум.


Награди:

  • Најдобар трилер – Меѓународен филмски фестивал во Канада, 2016
  • Филмски фестивал Worldfest-Houston, Хјустон, Тексас, САД, 2014 – Златно реми во категорија краткометражен трилер/мистерија

Фестивали:

  • фестивал на авторски филм, Белград, Србија, 2015
  • Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада, 2014
  • Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2014
  • Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Драма, Грција, 2014
  • Филмски фестивал „Other Movie“, Лугано, Швајцарија, 2014
  • Southeast European Film Festival, Лос Анџелес, САД, 2014
  • North Hollywood CineFest, Лос Анџелес, САД, 2014
  • Меѓународен фестивал на краткометражен филм – АТЕРФЕСТ, Струмица, Македонија, 2014
  • Фестивал на европски филм – Синедејс, Скопје, Македонија, 2013
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2013

Продуцентски куќи:
Партес Продукција
Ул. Бомија 1-2/21
1000 Скопје, Македонија
[email protected] 
[email protected]