Војната заврши

Оригинален формат:  4K Digital (Red1)

Година на објавување:  2010

Времетраење:   108 мин.

Режисер:  Митко Панов

Продуцент:  Митко Панов

Извршен Продуцент:  Симеон Дамевски

Монтажа:  Робин Ерард

Сценарио:  Митко Панов

Директор на Фотографија:  Пјотр Јаха

Музика:  Дуке Бојаџиев

Главни Улоги:
Музафер Етеми, Шеќерие Буќај, Енвер Петровци,Армонд Морина, Селман Локај, Сулејман Локај, Блерта Сула, Дрито Аме

Кратка содржина:
Во 1999 семејството Рахмани и нивните три деца за време на НАТО бомбардирањето во Србија емигрираат во Швајцарија. После неколку години тие се соочуваат со депортација. Очајни да останат, Расим- таткото на семејството и еден поранешен учител по музичко- организираат Албанска група за Танцување со цел на собирање на потписи од Заедницата за нивна поддршка. Војната заврши e интимна приказна која го отсликува искуството на сите иселеници во ера на глобализација. Може ли добриот човек да издржи притисоците на војна, егзил и депортација? Ќе биде ли во можност повторно да го изгради својот живот во странство?


Награди:

Специјална награда – Фестивал на јужноевропски филмови, Лос Анџелес, 2011

Медиа награда – Меѓународен Филмски фестивал Прифест, Приштина, 2010

Најдобар Филм на Балканот – Меѓународен Филмски Фестивал, Тирана, 2010

Фестивали:

  • Меѓународен Филмски фестивал „Златна липа“, Стара Загора, Бугарија, 2013
  • Меѓународен филмски фестивал, Инсбрук, Австрија, 2012
  • Балкански фестивал на храна и филм, Албанија, 2012
  • Балкански Филмски Фестивал, Оденс, Данска, 2011
  • Европски Филмски Фестивал, Букурешт, Романија, 2011
  • Kino in der Reitschule, Берн, Швајцарија, 2010
  • Филмски Фестивал Готам, Њујорк, САД, 2010
  • Филмски Фестивал Золотурн, Швајцарија, 2010
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ , Битола, Македонија, 2010
Продуцентски куќи:
Пиреј Филмул. 
Миле Поп Јорданов 66А
1000 Скопје, Р.Македонија
[email protected]

Kamera 300
L’ Ancien manege 19,
Galerie sud,
La Chaux –de-Fonds,
CH-23000, Switzerland
[email protected]
www.kamera300.com

Трејлер

Галерија
2019-03-28T13:26:39+00:00