„Глас од Букурешт“ во официјална конкуренција на Inshort Film Festival 2018

Дoкументарниот филм  „Глас од Букурешт“ приказната за Баки Имери, човекот што восхитува со својата творечка енергија и уметнички дух и кој умее и успеал да создаде вистински мостови меѓу народите, ставајќи ги културните и творечките вредности како стожер на духовното богатство е влезен во официјална конкуренција на Inshort Film Festival 2018.

InShort Film Festival е интернационален филмски фестивал кој се фокусира на меѓународна соработка и културен дијалог меѓу народите. Фестивалот се одржува во Лондон, Гдањск и Сао Паоло.

Филмот “Глас од Букурешт” е во режија на Леотрим Идризи, сценарио Муарем Идризи, продукција на Леоид Филм.

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.

2019-01-31T11:19:43+00:00