„Господ постои, името ѝ е Петрунија” се закити со уште една награда на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска, наградата на филмските критичари ФИПРЕСЦИ.

На Мотовун филмскиот фестивал во кокуренција од 20 филма се доделуваат само две награди, главната награда Пропелер ја доби исландскиот филм “Бел бел свет”, а наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ – македонскиот филм “Господ постои, името и’ е Петрунија”.

Тричленото жири, наградата ФИПРЕСЦИ ја доделија на „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска со образложението: „Главната актерка нè освои со одличен актерски израз и брзо нè увери дека главниот лик е паметна жена која е комплексна личност и која ја открива нејзината моќ во текот на филмот. Таа е симбол на потребата за слобода во многу сфери и укажува на неопходните промени. Филмот е црна комедија, врвно изрежирана, монтирана, динамична и брзо го вовлекува гледачот во неговиот свет”.

Оваа награда Fédération Internationale de la Presse Cinématographique (ФИПРЕСЦИ) ја доделува на 37 меѓународни фестивали и е најстарото и највлијателното друштво на филмски критичари кое обединува критичари од 50 земји од целиот свет.

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” ова лето го го одбележа со богат фестивалски живот и бројни филмски награди кои заедно со последната носат голема популарност и му даваат кредибилитет на филмот меѓу филмските работници од целиот свет.