“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на седум фестивали во месец јуни

“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот,  француската и швајцарската кино-дистрибуција резултираа со одлични критики и оцени од публиката во Франција. Филмот кој влегува во седма недела на дистрибуција досега го видоа 32,000 гледачи и ќе се прикажува во 56 кино сали.

Во текот на летните месеци промоцијата на филмот низ светот се одвива во силен ритам собирајќи нови признанија од селекција на престижни фестивали до ексклузивни прикажувања и започнување на кино-дистрибуција во многу  земји. Во месец јуни Петрунија патува на седум фестивали нив целиот свет. Започнувајќи со проекција на Кино Изола во Словенија, кое беше проследено со предавањето од Данијел Хочевар, ко-продуцент на филмот и на Моника Ломбер, костимографката која одржа мастер клас за филмски костим.

Од Изола, “Госпоод постои, името ѝ е Петрунија“ продолжува во Арт Филмскиот Фестивал во Словачка од 14-22 jуни.

Воедно филмот на престижниот Сиднеј Филмски фестивал заедно со тамошниот австралиски дистибутер (Palace) ќе биде прикажан на 14 и 15 јуни во исклучителната главна конкуренција заедно со мајсторите на денешната кинематографија како најновиот филм на Алмодовар и Канскиот победник „Паразит“. Во исто време Теона на фестивалот ќе биде дел од жирито за краткометражен филм.

На 29 Јуни, филмот ќе биде прикажан на Еденбург Филмскиот фестивал, потоа следува Брисел Интернационалниот филмски фестивал каде ќе биде прикажан на 28 и 29 јуни во главната конкуренција и во јули и август започнува кино дистибуцијата во Белгија.

Во јуни Петунија ќе биде прикажан на уште еден фестивал во Германија, во  Schillertage Mannheim, од каде дистибутерот (JIP filmverley) ја подготвува кино-дистибуцијата во оваа земја за есен.

Во јуни, “Господ постои, името ѝ е Петрунија“  ќе биде и дел од најголемиот, 21 по ред, студенски фестивал во светот во Тел Авив каде Теона Стругар Митевска е поканета да одржи мастер клас на филмските студенти во Израел и во нејзина чест тие прават и ретроспоектива на нејзините филмови најавувајќи ја како “авангарден филмски творец и централна фигура во надоаѓачкиот пост-југословенски нов бран”. Меѓу останатите филмски дејци кои одржале мастер класови на овој фестивал во минатото се и Тарантино, Ханеке, браќата Дарден и Алмодовар.

Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм.

2019-06-11T15:45:23+00:00