Г-ѓа Рубин (работен наслов Г-ѓа Ерме)

Оригинален формат:
Digital (Red)
Година на објавување:
2011
Времетраење:
19 мин.
Режисер:
Костадин Анастасов
Продуцент:
Гоце Кралевски
Монтажа:
Гоце Кралевски
Сценарио:
Костадин Анастасов
Директор на Фотографија:
Фејми Даут
Главни Улоги:
Драгана Костадиновска, Петре Арсовски, Софија Куновска
Кратка содржина:

Филм во кој има паралелизам помеѓу градацијата на карактерот на главниот лик и деградацијата на менталната болест на споредниот лик. Првата приказна е онаа млада Софи, докторка – стажант, која потекнува од висока социјална класа, и има само една преокупација, а тоа е нејзиниот изглед. Главна занимација во утринските часови и е негата на кожата на лицето, и поради тоа таа секогаш и секаде доцни. Филмот е нарација на еден нејзин ден и таа како главен лик ја превзема улогата на наратор во дејствието. Втората приказна е приказната за г-ѓа Ерме. Вдовица во 40 -те години од својот живот. Таа трагично ја доживува смртта на својот 15 годишен син, кој умира од компликации предизвикани од обична сипаница. И таа како и млада докторка, имала опсесија со својот изглед, односно со со своето лице. За разлика од нашата млада докторка, случајот на г-ѓа Ерме завршува како патолошки, што е и причина за нејзина интернација во една ментална институција.

Фестивали:

Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2012

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012

Festival of European Film – CineDays, Скопје, Македонија, 2012

Продуцентски куќи:
AWARD Film & Video
ул.Коле Неделковски 12а/2 
1000 Скопје, Р.Македонија
goran@award.com.mk
vladimir.stojcevski@gmail.com
2018-09-21T12:57:13+00:00