Девојка што паѓа

Година на објавување:  2015

Времетраење:  10′

Режисер: Владимир Лукаш

Продуцент: Жарко Иванов

Монтажа: Владимир Лукаш, Жарко Иванов, Крсте Господиновски

Сценарио: Иван Шопов

Директор на Фотографија: Жарко Иванов

Музика: Владимир Лукаш

Кратка содржина:
Девојка стои на врв од зграда, гледа надолу кон градот и во еден момент скока. Паѓа со затворени очи и одеднаш се наоѓа во ливада опкружена од бизарни ликови. Еден од ликовите вртејќи хулахоп, го фрла кон девојката и таа почнува да го врти. Бројот на хулахопите се зголемува и девојката се расчленува на повеќе делови. Деловите од девојката расфлани низ ливадата ги пронаоѓа суштество кое ја составува и ја фрла. Девојката повторно паѓа, се приземјува на подвижна лента на сред ливада, додека од густите грмушки ја набљудуваат непријателски настроени суштества. Ја бркаат до раб на провалија од кој девојката паѓа и се приземјува во театар во кој едно суштество на сцената ја држи нејзината глава. Завесите зад него се отвараат и се гледа обезглавената девојка како лета со чадор низ невреме. Девојката повторно паѓа и се приземјува во густа шума каде исплашена бега од сеништата кои ја опкружуваат…


Награди:

  • Специјално признание од жири – Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, Македонија, 2015
  • Фестивали:
  • Фестивал на филмови на Југо-источна Европа (SEE Film Festival), Нингбо, Кина, 2016
  • Меѓународен филмски фестивал АСТЕРФЕСТ, Македонија, 2016
  • Скопски филмски фестивал, Македонија, 2016
  • Фестивал на европски филм „Синедејс“, Македонија, 2015

Продуцентски куќи:

Флип Бук Продакшн

Багдадска 26/1-3 1000 Скопје,

Македонија [email protected]

2019-01-30T09:20:30+00:00