Оригинален формат:  HD

Година на објавување:  2015

Времетраење:  78`

Режисер:  Гоце Цветановски

Продуцент:  Андреј Цветановски

Монтажа:  Гоце Цветановски

Сценарио:  Владо Цветановски, Љубе Цветановски

Директор на Фотографија:  Виктор Јончевски

Музика:  Милан Симовски, Оливер Јосифовски

Главни Улоги:  Трајанка Цветановска, Јордан Плевнеш

Кратка содржина:
„Детето во светот“ е биографски филм за Љубе Цветановски, најпознатиот македонски патеписец. Филмот ќе се работи во форма на доку-фикција, односно во него ќе се мешаат снимки од патеписите кои Цветановски ги работеше за Македонската Телевизија од 1994 до 2006 година, и снимен материјал кој ќе реконструира некои од случките раскажани во неговата неодамна објавена автобиографија „Детето во мене“. Идејата е да се раскаже интимна хумана приказна за едно дете кое пораснало во забиено и оддалечено планинско село во Македонија, а кое како возрасен човек го прошетало целиот свет. За време на своите патувања, тој ги гледа, коментира и споредува сите разлики и сличности меѓу македонската и светската култура, цивилизација и обичаи. Поетиката и хуморот ќе бидат главни стилски наративни нишки на овој амбициозен документарен филм.


Фестивали:

  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола. Македонија, 2015
 
Продуцентски куќи:

Енох Продукција

Бул. В.С. Бато 77/2/47

1000 Скопје, Македонија

[email protected]