Документарниот филм „Локални Херои – Светски Таленти“ освои награда на ПРОФЕСТ

13/09/2018

Документарниот филм „Локални Херои – Светски Таленти“  ја освои Гран-При наградата на 9-то издание на фестивалот на авторски филм од земјите од Подунавскиот регион ПРОФЕСТ. На сценаристот и продуцент Зоран Димов му беше доделена плакета за авторска работа во категоријата телевизиски репортажи на конкурсната тема „Убавината на различностите“.Фестивалот се одржа меѓу 6-ти и 9-ти септември во Бачка Топола, Србија.

Во следниот период филмот ќе земе учество во официјалната програма како и е номиниран за награди на неколку филмски фестивали меѓу кои фестивалот „Златно Дрво“ во Франкфурт, Германија како и фестивалот „Братина“ во Москва, Русија.

Филмот е во режија на Ајдин Ислами.

2018-09-27T13:03:36+00:00