Допир

Режисер:
Стојан Вујичиќ
Продуцент:
Огнен Антов
Сценарио:
Стојан Вујичиќ
Кратка содржина:
Како и секое друго утро, семејството Илија, Ана и малиот Алек во нивниот дом, забрзано се подготвуваат да одат на прошетка во парк, и се изгледа како во просечно семејство. Но, малиот Алек, има пореметување т.е. болен е од аутизам. Тоа животот на ова семејство го прави мошне тежок и комплициран. Но, малиот Алек си има свој внатрешен свет и свој ангел чувар. Шетајќи се низ паркот, во еден момент се случува Алек биде оставен од родителите на кратко бидејќи како што мајката вели, „тој не оди никаде„. Но тогаш ќе се случи, Алек сам да тргне кон езерото. Во тој момент, човекот во црна наметка ќе почне да го следи.Алек ќе се најде пред езерото на чекор од водата. Човекот во црно е се поблиску. Во тој момент, златниот ретривер ќе се појави и ќе му седне на нозете на Алек. Мајката и таткото затрчани се појавуваат покрај езерото, за да на крајот разберат дека кучето и човекот во црно се најдобрите пријатели на Алек, создадени од неговата потсвест и тоа е единствениот начин да допре до нашиот свет.
Продуцентски куќи:
Лунар продукција
ул.Михаил Чаков 13/2/10
1000 Скопје, Р. Македонија
lunarmacedonia@gmail.com


Копродуценти:
Дрим Фектори
Кеј 13ти ноември 5/8
1000 Скопје, Р. Македонија
ognenantov@gmail.com
2018-09-18T22:09:21+00:00