До Балчак (работен наслов:„Приказна за дивиот исток“)

Оригинален формат:
1:2,40-ARRI Alexa+
Година на објавување:
2014
Времетраење:
165`
Режисер:
Столе Попов
Продуцент:
Данчо Чеврески
Монтажа:
Атанас Георгиев
Сценарио:
Горан Стефановски
Директор на Фотографија:
Апостол Трпески
Главни Улоги:
Инти Шрај, Мартин Јордановски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски
Кратка содржина:

Македонија е мала земја во срцето на Балканот, која петстотини години била под отоманско ропство. Дејствието на филмот „До балчак„ се одвива во годините на општ колапс и „слободен пад„ по крваво задушеното македонско востание од 1903. Приказната е за комплексен четириаголник помеѓу бескомпромисен и идеалистичен востаник, безмилосен турски офицер, богат „татин“ син опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа и една луцидна и слободоумна Eвропјанка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици. Ликовите минуваат низ бурни судири, доживуваат катарзични искуства и стекнуваат длабоки нови самосознанија. Филмот е суровa и романтична сторија која ја испитува вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност низ призмата на релативноста на поимите на слобода, правда, љубов, жртвување и предавство. Приказната ги драматизира и пародира митот и анти-митот на исток и запад, на Европа и Балканот. Таа ги усвитува до жижа парадоксите и апсурдите на македонската историја. Фатен во стапица, еден од ликовите ја декларира својата радикална философија : „Ебати животот, ако не си подготвен да умреш за него“! Ако традиционалниот американски жанр е Вестернот, т.е. приказна од дивиот запад, овој филм е неговиот источен пандан, Истерн, приказна од „дивиот„ исток.

Награди:

Најдобра женска улога – Интернационален фестивал за филмска режија, Лесковец, Србија, 2015

Фестивали:

Меѓународниот фестивал Нанси-Лорен , Франција, 2015

Сараевски филмски фестивал, Босна и Херцеговина, 2015

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Македонија, 2014

Официјална Веб страница:
Продуцентски куќи:
Триангл
П.Фах 693
1000 Скопје, Македонија
dancocevrevski@t-home.mk
spopov@t-home.mk

Копродуценти:
Сектор филм
Алберт Ајнштајн 9/14
1000 Скопје, Република Македонија
Владимир Анастасов
vanastasov@sektor.com.mk

ФХ3Х
Јане Сандански 108/28
1000 Скопје, Република Македонија
Кристијан Даниловски
misko@fx3x.com
2018-09-21T13:15:21+00:00