Еден

Оригинален формат:
HD
Година на објавување:
2009
Времетраење:
19 мин.
Режисер:
Вардан Тозија
Продуцент:
Михаило Цветанов
Монтажа:
Филип Грчески
Сценарио:
Вардан Тозија
Директор на Фотографија:
Ѓорѓи Клинчаров
Музика:
Александар Пејовски
Главни Улоги:
Верица Недеска, Никола Ристановски
Кратка содржина:

Главниот лик се буди во мрак, изолирана шума. Никаде знаци на луѓе, цивилизација…никакви спомени од претходното минато, без идентификација… ТОЈ Е САМ. Во напуштениот објект здогледува ДЕВОЈКА, смртно исплашена. Ја остава, ветувајќи и дека ќе се врати по неа откако ќе најде некаква помош, некој кој ќе му објасни што се случува. Во шумата наоѓа Стравично масакрирани тела. Се слушаат шумови. Тој чувствува дека некој, или нешто, го набљудува. Во исто време ЧОВЕКОТ и ДЕВОЈКАТА почнуваат избезумено да трчаат бегајќи и криејќи се од безлични гонители. Некако успеваат да избегаат. Разговараат. Таа вечер ДЕВОЈКАТА му раскажува на ЧОВЕКОТ дека има некакви далечни спомени за него, но и двајцата не знаат од каде и како. Луѓе трчаат, стампедо. Нешто ги брка во темнината. ТОЈ се обидува да запре еден од нив. Добива силен удар. ТАА го сокрива. Се случува уште еден масакр…ТОЈ се буди и знае. ТАА му помогна еднаш. ТОЈ е во огромна сала, ја пронаоѓа мртва. Еден збор со крв е испишан на ѕидот – СТРАВ. Тоа е крајот на неговиот страв. Спремен е да се бори. Истите врисоци се слушаат од секаде. Соочување… Флеш.

Награди:

Награда на MOSFILM – Меѓународен Филмски фестивал „Браќа Манаки“, Maкедонија, 2009

Награда за најдобар краткометражен филм на Балканот – Меѓународен Филмски Фестивал, Mакедонија, 2009

Награда за најдобар краткометражен филм – Aстерфест, Македонија 2009

Фестивали:

БЕЛЕФ-Белградски Летен Фестивал, Србија, 2010

Балкански Филмски Фестивал ( во организација на Middle East Technical University-Tурција), 2010

Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Букурешт, Романија, 2009

Фестивал на краткометражен филм, Прага, Чешка, 2009

СИНЕДЕЈС-Меѓународен фестивал на европски филм, Скопје, Македонија, 2009

Продуцентски куќи:
New Moment Video House
Орце Николов бр 107
1000 Скопје, Р.Македонија
cvetanov@newmoment.com.mk
2018-09-21T12:56:26+00:00