Филмската екипа на македонскиот документарен филм  „Медена земја“ на социјалните медиуми објави  свои фотографии во присуство на повеќе мега популарни холивудски ѕвезди.

Ал Пачино, Роберт де Ниро, Квентин Тарантино, Бред Пит, Леонардо ди Каприо се сликани со нашите режисери  Тамара Котевска и Љубо Стефанов, продуцентот Атанас Георгиев и снимателите Самир Љума и Фејми Даут во „Долби Театарот“ во Лос Анџелес.

Екипата на „Медена земја“ беше дел од Оскаровскиот ручек.

Ова е свеченост која се организира од почетоците на 80-тите години и претставува неформално дружење наменето за номинираните.

92-та Церемонија на доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари.

Очите на целата нација со возбуда ќе бидат свртени кон Холивуд  бидејќи „Медена земја“ е со две номинации- за најдобар документарец и за најдобар странски филм.