Епизодист


Оригинален формат: HD

Година на објавување: 2011

Времетраење: 22 мин.

Режисер: Игор Алексов

Продуцент: Блаже Дулев

Извршен Продуцент: Ана Јорданова

Монтажа: Тања Рибарска

Сценарио: Александар Русјаков

Директор на Фотографија: Душан Кардалевски

Музика: Доријан Јовановиќ

Главни Улоги: Јана Стојановска, Силвија Стојановска, Предраг Павловски, Игор Ангелов


Кратка содржина:

Монахињата Ана слуша радио додека го мете манастирскиот двор. Помеѓу другите вести е и онаа за новиот филм на култниот режисер од времето на комунизмот, Војо Пандиловски. Оваа обична вест , Ана ја враќа во седумдесетите години на дваесетот век, кога сонувала да стане актерка. Тогаш Ана работела како дактилографка во суд, била ќерка на доминантни родители и млада сопруга на суетен режимски сликар. Нејзиното појавување на кастинг за првиот филм на тогаш младиот режисер сосема и ги уништува соништата. Избрана да биде епизодист во една сцена на силување, режисерот и актер, вистински ја силува. Нејзиниот обид за барање на правда ја носи во затвор. Ова е линијата по која се одвива приказната, меѓутоа внатре во него се провлекува една суштинска порака за судирот помеѓу поединецот – епизодист и режимот, како и потребата да се пронајде Бог и љубов за да се победи суровоста на моќта.


Награди:

Најдобар наративен краткометражен филм – Los Angeles International Underground Film Festival, Los Angeles, USA, 2012

Награда за најдобар режисер – Los Angeles International Underground Film Festival, Los Angeles, USA, 2012

Најдобра женска улога – Филмски фестивал „Silent River“, Ирвајн/Калифорнија, САД, 2012

Најдобар меѓународен краткометражен филм – Филмски фестивал „ХолиШортс“, Лос Анџелес, САД, 2012

Гран при во категорија Конкуренција на краткометражен филм – Скопски филмски фестивал, Македонија, 2011


Фестивали:

  • Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада, 2011
  • Астерфест, Струмица, Македонија, 2012
  • Риверсајд Меѓународен филмски фестивал, Лос Ангелес, Калифорниа, 2012
  • In the Palace Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Бугарија, 2012
  • Меѓународниот фестивал на краткометражен филм Хилдсбург, Калифорнија, САД, 2012
  • Филмски фестивал Диван, Романија, 2012
  • Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2012
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012
  • Фестивал на европски филм – СИНЕДЕЈС, Скопје, Македонија, 2012
  • Фестивал на македонски филм, Мелбурн, Австралија, 2012
  • Fenetres Sur Courts, Дижон, Франција, 2012
  • Филмски фестивал Александрија, Александрија, САД, 2012
  • Меѓународен фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ, Истанбул, Турција, 2013

Продуцентски куќи:

Квазар Филм
Ленинова 67
1000 Скопје, Р.Македонија
[email protected]
2019-01-25T10:14:50+00:00