Жарче


Оригинален формат: HD

Година на објавување: 2011

Времетраење: 15 мин.

Режисер: Томислав Алексов

Продуцент: Иво Антов

Монтажа: Мишко Чунихин

Сценарио: Огнен Неделковски и Велко Неделковски

Директор на Фотографија: Ненад Бројевиќ

Музика: Никола Коџабашија

Главни Улоги: Тијана Источки, Никола Колев, Салаудин Билал, Тони Михајловски


Кратка содржина:

Се се случува во еден единствен ден , во улица во отмениот дел на Градот.Августовски припек. Паркиран камион со лубеници за продажба. Ттако и син се земјоделци и продаваат. Синот 15 годишниот ДИМЕ се загледува во едно девојче кое тука живее, 14 годишната ЕЛИ. Помеѓу нив се раѓа симпатија, прелет на срамежливи погледи, збунета прва средба. Флуидот раѓа првовњубено кревко жарче… Но! Во таа наивна и невина игра се вмешуваат возрасните од “двете“ страни. Ттакото на Ели купува лубеница од таткото на Диме, а потоа ја враѓа под изговор дека е зелена! Всушност иницира повод за кавга, бара причина да ги избрка непожелните продавачи. Поттикнат е, змијски, од својата втора сопруга, маќеата на Ели. Од бурната улучна кавга, повредени се чувствителните души на Ели и Диме. Нивното “жарче“, уште не разгорено, грубо е изгаснато од остро спротивставените татковци, како припадници на два различни општествени “сталежи“. Благосостојбата на Игор, таткото на Ели, омаловажува. Социјалното незадоволство на Богдан, таткото на Диме, експлодира преку друг вентил. Камионот си оди. Ели и Диме се разделени и тажни. На плочникот остануваат: една фрлена распукана лубеница и една стуткана банкнота од 100 денари. И едно отсечено капаче од кората на друга лубеница, во форма на срце, подарок од Диме за Ели- чија срцевина ја напаѓаат рој оси.


Награди:

Специјално признание од жири- Меѓународен филмски фестивал Астерфест, Струмица, Македонија, 2010


Фестивали:

  • Детски Филмски фестивал, Сиетл, Вашингтон, САД, 2014
  • Меѓународен филмски фестивал за деца – Children’s India, Индија, 2014
  • Меѓународен филмски фестивал за деца и млади “Giffoni-Experience”, Италија, 2013
  • ВРЕВА – Уличен фестивал за активизам, Србија, 2012
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012
  • Филмски фестивал Диван, Романија, 2012
  • Меѓународен фестивал за детски филм, Каиро, Египет, 2012

Продуцентски куќи:
Наше Маало Пордукција
Кузман Јосифовски- Питу 34
1000 Скопје, Р.Македонија
2019-01-30T09:10:47+00:00