Завршен краткометражниот нем филм „Љубовникот“ на Игор Иванов Изи

21/08/2018

 

Краткометражниот  филм  „Љубовникот“,  снимен  во  манирот  на  старите  неми филмови по сценарио и во режија на Игор Иванов Изи, а во продукција на „Скопје филм  студио“,  е  во  завршна  фаза  на  пост-продукција.  Филмот  беше  снимен  на  локација  во  Скопје  во  населбата  Карпош  2,  каде  што  со креативна сценографија,  костимографија и приод на камерата беше создаден автентичен амбиент за работа на нем филм од 30-тите години на минатиот век.

Улогите ги толкуваат Игор Ангелов, Наталија Теодосиева и Сашо Петровски. Кинематографери на филмот се Драган Салковски, Дејан Димески и Томи Салковски, костимограф е Емилија Атанасовска, монтажата е на Владимир Павловски, а продуцент е  Томи Салковски, „Скопје Филм Студио“.

2018-09-27T12:58:14+00:00