ЗА НАС

ЗА НАС2019-04-17T09:36:42+00:00

Агенцијата за филм е основана со Законот за филмската дејност (сл. Весник бр.82/2013). Своето работење го почнува на 01.01.2014 година како правен наследник на Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија.

Основната цел на Агенцијата за филм е развој и унаредување на  филмската дејност во Република Северна Македонија. Преку континуираната поддршка на производството на  филмови од национален интерес во филмската дејност, поддржување на реализација на меѓународни филмски копродукции, грижата за унапредување на стручните кадри, поттикнување на развој на домашни сценарија, промоцијата на домашното филмско творештво на врвни меѓународни фестивали и настани, како и промоција на Република Северна Македонија како земја која располага со поволни услови за привлекување на странски продукциски компании за снимање на филмови,  Агенцијата го трасира патот до остварувањето на својата цел.
Средствата за работа на Агенцијата за филм се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија и од други извори утврдени со Законот за филмската дејност.

Согласно Закон за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на РМ“ бр.170 од 27.11.2017 год), буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Годишната сметка за 2018 год до Централен Регистар на Република Северна Македонија ја достави на ден 28.02.2019 год со Допис бр.05-363/1 од 26.02.2019 год

https://www.crm.com.mk/DS/users/PInfoContent.aspx?CatID=53

Документи:

Годишна сметка за 2018 за сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2018 за сметка од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2018 за сметка од донации 785

ДБ Даночен биланс за 2018 година


Врз основа на објавените измени и дополнувања на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници во Службен весник на РМ бр.170/2017 а кои влегоа во сила од 5 декември 2017 година, буџетите и буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар. Агенцијата за филм на Република Македонија, Годишната сметка за 2017 год до Централен Регистар на РМ ја достави на ден 28.02.2019 год со Допис бр.05-383/4; 05-387/4 и 389/4 од 27.02.2018 год

Документи:

Годишна сметка за 2017 година за сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2017 година за сметка од самофинансирачки активности 787

Годишна сметка за 2017 година за сметка од донации 785

ДБ Даночен биланс за 2017 година


http://e-submit.crm.com.mk/AAOL/informativni-sodrzini/zakonska-ramka

Во Службен весник на РМ бр.170/2017 се објави измена и дополнување на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници. Новините во законот влегуваат во сила од 5 декември 2017 година.

Согласно измените буџетите и буџетските корисници се должни завршните сметки да ги објават на својата веб страница во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.

Буџетите и буџетските корисници се должни да ги објават завршните сметки за 2016 година на својата веб страна во рок од 15 дена од влегување во сила на законот, односно до 20 декември 2017 година.

  1. Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници (,„Сл. Весник на РМ“ бр.61/02, 98/02, 81/05, 24/11 и 145/15)
  2. Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 28/03, 62/06, 8/09, 175/11, 101/13)
  3. Правилникот за обликот и содржината на билансот на состојбата и билансот на приходите и расходите за буџетите и буџетските корисници („Сл. Весник на РМ“ бр. 79/03, 74/05 и 109/05, 88/09, 175/11)

Документи:

Годишна сметка за 2016 за сметка на основен буџет 603

Годишна сметка за 2016 год за сметка на буџет од самофинансирачки активности 787

Годишна сметказа 2016 за сметка на буџет на донации 785

ДБ составен дел на Годишна сметка 2016