Златна Петорка

Година на објавување:
2016
Времетраење:
85′
Режисер:
Горан Тренчовски
Продуцент:
Дејан Милошевски
Монтажа:
Андрија Зафрановиќ
Сценарио:
Елеонора Венинова, Горан Тренчовски, Билјана Гарванлиева
Директор на Фотографија:
Апостол Трпески
Музика:
Дарко Спасовски
Главни Улоги:
Славко Штимац, Петар Арсовски, јана Стојановска, Александар Ристоски, Игор Ангелов
Кратка содржина:
Ова е игран филм за визиите и ретроспекциите на пет невини студенти кои монструозно исчезнаа во вителот на една од најапсурдните комунистички ликвидации на југот од Балканот во 1951-та. Сведоците и најблиските уште ја чуваат тајната за чистотата и за евроатлантската ориентираност на нивните “златни” млади души, додека модерното време на новиот милениум промовира некои нови ликови со сомнителни квалитети. Сеќавањата за идеалот и правичноста на “невината петорка” побудуваат низа секвенци со драматични и интимистички настани кои ја артикулираат состојбата на прогресивниот дух наспроти ерозијата на моралните вредности. Но духовното помирување и современата голгота не се секогаш единствената замена за казната поради пролеаната крв. Децениското проклетство од грешката за направениот злостор, најпосле раѓа нови љубови, нови предизвици. Генерациите зацртале нови патеки за изодување… Сѐ додека не се дојде до филмската вистина.
Фестивали на кои е прикажан филмот:
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, 2016
  • Филмски фестивал Raindance, Лондон, 2016
  • Macedonian Cinema Days, Сиднеј, 2016
  • Македонски филмски фестивал, Торонто, 2016
  • Филмски фестивал Бенгалуру, 2017
  • Фестивал DetectiveFest (Law & Society), Москва , 2017 – Диплома од жири (OFFICIAL JURY DIPLOMA)
  • Love Film Festival, Перуџа, 2017 – Златен Грифон – Најдобар странски филм
  • Фестивал на филмови од Југоисточна Европа, South East European Film Festival (SEEFF), Берлин, 2017
  • Фестивал на Југоисточен европски филм, SEE a Paris, Париз, 2017 – Најдобар филм во Југоисточна Европа, Најдобра монтажа
  • Филмски фестивал Јагран, Њу Делхи/Мумбаи 2017 – Најдобар странски филм
  • Balkan Film Food Festival, Подградец, 2017 – Награда BEST BALKAN SPIRIT
  • Филмски фестивал Крајина, Бихач, 2017
  • Фестивал Love is Folly IFF, Варна, 2017
  • Фестивал на централно европски филм, Темишвар, 2017
  • Меѓународен фестивал за филмска режија, Лесковац, 2017
  • Балкански филмски фестивал, Брно, 2017
  • Меѓународен фестивал за историски и воени филмови, Варшава, 2017 – Награда BRONZE SABER
  • Филмски фестивал Њу Џерси, САД, 2018 – Најдобар долгометражен филм
  • Меѓународен филмски фестивал на дебитантски филмови “Beginning”, Санкт Петерсбург, 2017 – Специјална награда “ROSSIYSKAYA GAZETA”
  • Фестивал на европски и независен филм Euro-In-Film, Нови Сад, 2017
  • Фестивал AWARD “St. 15 Tiberiopolian Martyrs”, 2017
  • Меѓународен фестивал на нова европска кинематографија „Златна липа“, Стара Загора, 2018
  • Филмски фестивал Ravno Selo, 2018
  • Филмски фестивал Тримак, Луцерн, 2018
  • Филмски фестивал Киненова, Скопје, 2018
  • Меѓународен филмски фестивал Кардиф, 2018 – Најдобар странски долгометражен филм
Продуцентски куќи:
Револутион ДООЕЛ
АСНОМ 24-3/4
1000 Скопје, 
Р. Македонија
Тел: +38970276394
Факс: + 389 2 6155492
revolutionmkd@gmail.com
www.revolutionmkd.com
2018-11-09T13:52:56+00:00