Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска кој го отвори 62 издание на Филмскиот фестивал во Пула се закити со „Златна арена“ за најдобра режија за малцинска хрватска копродукција.

Петочлено жири едногласно ја додели наградата, образложувајќи дека „прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот “.

Продуцент на филмот е продуцентската куќа Сестри и брат Митевски во копродукција со Entre Chien et Loup, Белгија, Вертиго Словенија, EZ Films Deuxième Ligne Films Франција и Spiritus Movens Production, Хрватска.

Ова е веќе седма награда освоена на меѓународни филмски фестивали, а филмот и понатаму продолжува со богат фестивалски живот и дистрибуција на најразлични делови од светот.

Филмот е финасиски подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.