„Исцелител“ добитник на награда за најдобро сценарио во Тетово и учесник на фестивал во Кина и во Луксембург

Ѓорче Ставрески ја доби наградата за најдобро сценарио за филмот „Исцелител“ на меѓународниот филмски фестивал ОДА во Тетово. Ова е 11-та меѓународна награда за Исцелител.

На 5-ти и на 15-ти октомври филмот ќе биде дел од програмата на 11-тото издание на фестивалот „CinEast“ во Луксембург на кој се прикажуваат најдобрите филмски остварувања од централна и источна Европа. Ова е премиерно прикажување на Исцелител во Луксембург Исцелител ќе биде дел и од петото издание на меѓународниот фестивал „Патот на свилата“ кој започнува на 8-ми октомври, а се одржува во еден од најстаритеградови во Кина, Ксиан, во провинцијата Шенси. Ова е трето прикажување нафилмот во Кина, по прикажувањета на меѓународните фестивали во Пекинг и воШангај.

„Патот на свилата“ е 33-ти меѓународен фестивал на кој учествува Исцелител однеговата премиера во ноември 2017. Во изминатиов период Исцелител имаше кино проекции и во 26 градови низ Македонија, и го погледнаа повеќе од 23 000 домашни гледачи.

2018-10-10T10:28:18+00:00