„Исцелител“ добитник на награда од публика во Нанси и учесник на четири фестивали

„Исцелител“ во месеците август и септември се прикажа на три фестивали низ Европа и освои една награда, а се прикажа и на фестивал во Канада.

„Исцелител“ на 24-ти и 26-ти август се прикажа на фестивалот во Нанси, Франција, каде ја освои наградата од публика за најдобар филм.

На 25-ти септември филмот се прикажа на фестивалот „Агис Ломбарда“ во Милано, Италија, каде се прикажуваат овогодинешните победници на врвните светски фестивали меѓу кои и победниците на Венеција и Локарно: „First Man“ на Дамиен Чезеле и „A Land Imagined“ на Јео Сју Хуа. Исцелител беше прикажан како добитник на наградата за најдобар филм на „Bergamo Film Meeting“.

На 27-ми септември  Исцелител официјално го отвори 36-тиот филмски фестивал „Златна Роза“ во Варна, кој е еден од најзначајните филмски настани во Бугарија.

На 28-ми и на 29-ти септември „Исцелител“ ја имаше својата канадска премиера. Тој беше дел од официјалната програма на 18-тото издание на меѓународниот филмски фестивал во Калгари, каде се прикажаа 178 внимателно избрани филмови од целиот свет, меѓу кои добитници на Златна Палма и многу други наградени филмови на престижни фестивали.

2018-10-02T11:22:41+00:00