„Исцелител“ на меѓународниот филмски фестивал во Тренто, Северна Италија

Филмот „Исцелител“ во рамките на своето фестивалско патување низ светот беше дел од 10 издание на Мегународниот филмски фестивал „Tutti nello stesso piatto” во Тренто, Северна Италија. Во фокусот на фестивалот кој се одржа во периодот од 6-25 ноември 2018, беа играни и документарни филмови  чија приказна е насочена кон човековите права, имиграцијата, климатските промени, модерното ропство и сиромаштијата. Со овој фестивал „Исцелител“ го бележи четвртиот италијански фестивал на кој земал учество.

Продуцент на филмот е Фрагмент Филм во копродукција со Грал Филм од Грција, во режија и сценарио на Ѓорче Ставрески. „Исцелител“ е финансиски подржан од Агенција за Филм на Република Македонија и Грчки Филмски Центар.

2018-11-26T15:08:06+00:00