„Исцелител“ на фестивали во Германија и Холандија

Филмот „Исцелител“ ја имаше својата германска премиера на 24-тото издание на филмскиот фестивал во Котбус , Германија. Фестивалот започна на 6-ти ноември, трае 6 дена и ќе прикаже повеќе од 150 филмови. Исцелител е дел од програмата „Хитови“ на европски филмови кои досега постигнале неверојатен успех кај домашната и светската публика. Во програмата ќе се прикажат „Студена Војна“ на Павел Павликовски, „Паничен напад“ на Павел Маслона, „Претседателот Бланик“ на Марек Најбрт и други.

Денеска (9-ти ноември) „Исцелител“ ќе биде дел од „Eastern Neighbours Film Festival“ кој се одржува во Хаг, Холандија. Фестивалот се стреми кон приближување на источно европските филмови до холандската публика и освен филмските проекции организира и многу други културни настани. Минатиот месец „Исцелител“ се прикажа во Амстердам во преполна кино сала и предизвика одлични реакции. Проекцијата на „Исцелител“ во Хаг уште пред неколку дена е целосно распродадена.

2018-11-09T12:08:56+00:00