„Исцелител“ на фестивали во Индија, Франција и Албанија

Филмот „Исцелител“ по четврти пат се прикажа во Индија на филмскиот фестивал во Гувахати, најголемиот град во државата Асам. На седумдневниот фестивал се прикажаа 108 филма од 52 земји од светот. Ова е четврто прикажување на „Исцелител“ во Индија.

„Исцелител“ овие денови ќе биде дел од меѓународниот филмски фестивал во Арас, Франција. На фестивалот кој се одржува по 19-ти пат „Исцелител“ ќе има проекции на 4ти и на 11ти ноември. Ова е трето прикажување за „Исцелител“ во Франција, по фестивалите во Нанси и во Обањ. На двата фестивали „Исцелител“ ја освои наградата за најдобар филм.

„Исцелител“ ќе се прикаже и на 16-тото издание на меѓународниот филмски фестивал во Тирана, најголемиот и најстариот фестивал во Албанија. Премиерата на Исцелител е закажана за 5-ти ноември. Фестивалот во Тирана е четириесет и четврти меѓународен фестивал на кој учествува „Исцелител“.

2018-11-05T11:20:10+00:00