„Исцелител“ освои награда во Тирана и е дел од фестивалот „LIFFe“ во Љубљана

Филмот „Исцелител“ ја освои наградата за најдобар дебитантски филм на меѓународниот филмски фестивал во Тирана. Жирито составено од Марко Уризи (Франција), Михаела Сабо (Словачка), и Кристоф Токе (Германија), за „Исцелител“ истакна: „Филмот е со прекрасно занатски изработено сценарио и заедно со убедливите актерски изведби успева да ја заинтреигира публиката, справувајќи се со тешки теми на хумористичен начин. Се на се, ова е многу ветувачко деби!“.

„Исцелител“ деновиве ќе биде дел од „LIFFe“, меѓународниот филмски фестивал во Љубљана. Ова е 29-то издание на фестивалот кој минатата година имал повеќе од 50.000 посетители. Картите за трите проекции на „Исцелител“ се во потполност распродадени уште пред неколку дена, на 10-ти беше првата проекција, а следуваат уште две.

На 9-ти ноември измина една година од премиерата на „Исцелител“ и оттогаш филмот се прикажа на 47 меѓународни и 8 домашни фестивали, а освои 15 меѓународни и 4 домашни награди во дистрибуција, и дополнителни 4 награди во припреми.

2018-11-12T14:37:30+00:00