Уште еден успех на македонската кинематографија, краткиот филм „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М.Унковски  ќе ја има својата светска премиера на 39-издание на најголемиот американски фестивал на независен филм „Санденс“.

Премиерата на „Налепница“ е во официјалната селекција, во категоријата на Меѓународни кратки играни филмови. Покрај светската премиера, филмот ќе има уште три проекции на 25, 28 и 30 јануари.

Филмот на Унковски е селектиран меѓу 5.000 пријавени филмови, од кои само 74 филмови се одбрани во официјалната програма на Меѓународните кратки играни филмови и истите допаѓаат од 27 земји во светот.

„Налепница“ кој е во продукција на „Cinema Futura“ е црна комедија, во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми.

Главната улога во филмот ја толкува Сашко Коцев, а покрај него настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.

Кинематографер е Наум Доксевски, сценографијата е на Кирил Спасевски, костимите на Роза Трајческа, додека на маската и шминката на главниот лик работеле Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Монтажата е на Мартин Иванов, а дизајнот на звук е на Сашко Потер Мицевски.

Премиерата на 19-минутниот „Налепница“ беше на крајот на септември во киното Фросина во Скопје.

Фестивалот „Санденс“  кој е основан од големиот американски актер и режисер Роберт Редфорд започнува денес, во Парк Сити во Јута, САД, со премиерата на документарниот филм за поп-пејачката Телјор Сфивт „Мис Американа“  и ќе трае до 2 февруари.

Со гордост може да се констатира дека македонската кинематографија, веќе трета година по ред не само што има има свој претставник во официјална конкуренција, туку и освојува многу релевантни филмски награди.

Минатогодишното издание на „Санденс“, помина во знакот на „Медена Земја“ документарецот на  Љубо Стефанов и Тамара Котевска, доживеа огромен успех, се закити со три награди, Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума. А во 2018, краткометражниот филм „Види ја ти неа“ на Горан Столески победи во селекцијата за краток филм.

Сите споменати филмови се финансиски поддржани од Агенцијата за филм на  Република Северна Македонија.