Краткометражен филм на Елеонора Венинова меѓу 5те краткометражни филмови кои ќе ја отворат овогодинешната програма Quinzaine des réalisateurs на Кански филмски фестивал

Во Сараево започнува снимањето на пет краткометражни филмови, кои ќе бидат премиерно прикажани во програмата Cannes Directors’ Fortnight 2019 (Quinzaine des réalisateurs) во рамки на овогодишното издание на Кански филмски фестивал.

Филмовите, кои ќе бидат во времетраење од 10 минути, се реализираат во рамки на проектот Southeast Europe Factory по концептот на La Factory, со поддршка од Сараевскиот филмски фестивал (Obala Art Centar) и предвидени се како соработка помеѓу 5 автори од регионот и 5 меѓународни автори и истите ќе ја отворат програмата Quinzaine des réalisateurs.

“THE SIGN”: Eleonora Veninova (Северна Македонија), Yona Rozenkier (Израел / Швајцарија);

“LOVE SUPREME”: Dušan Kasalica (Црна Гора), Teodora Ana Mihai (Романија / Белгија);
“RED STAIN”: Urška Djukić (Словенија), Gabriel Tzafka (Грција / Данска);
“MOMMY”: Maša Šarović (Србија), Sharon Angelhart (Израел);
“SPIT”: Neven Samardžić (БиХ), Carolina Markowitz (Бразил).

Во реализацијата на проектот учествуваат Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Српскиот филмски центар, Словенски филмски центар, и Филмски центар на Црна Гора. Меѓудругото, авторите ќе добијат можност да ги претстават своите први долгометражни проекти на учесниците на Канскиот филмски фестивал и Маркет меѓу кои селс агенти, претставници од медиумите и дострибутери.

2019-03-22T14:04:55+00:00