Краткометражниот анимиран филм „Една“ во официјална конкуренција на престижниот Краков Филмски Фестивал

Краткометражниот анимиран филм „Една“ во официјална конкуренција на престижниот  Краков Филмски Фестивал

Краткометражниот анимиран филм „Една“, најновата анимација на Вук Митевски, својата премиера ќе ја има на престижниот 59 Интернационален Краков Филмски Фестивал.

„Една“ ќе биде прикажан на 28 и 30 мај во главната конкуренција за кратки и анимирани филмови и ќе се бори за наградата Сребрен Змеј за најдобар анимиран филм, со уште 9 анимации од целиот свет.

Фестивалот во Краков се вбројува во најдобрите десет фестивали во светот посветени на анимираните филмови, и е помеѓу ретките кои водат до директна номинација за наградата на Американската филмска Академија „Оскар на популарноста“, во категоријата на кратка анимација.

„Една“ е единаесетминутна анимација, љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин, а инспирирана од бегалската криза со која Македонија се соочи како транзитна земја. Анимацијата е целосно изработена во рачен цртеж и за да се долови таа магија на авторот му беа потребни скоро три години.

ЕДНА е копродукција помеѓу Македонија, продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“ и Белгија, сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звук Емил Клотзц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски. Продукцијата целосно се одвиваше во Македонија, а од постпродукцијата во Германија беше работен звукот, во Франција музиката, и во Белгија се работеше лабораторијата и миксот.

По претходниот голем успех со повеќекратно наградуваната анимација „Алерик“, ова е четврта анимација на Вук Митевски.

Филмот „Една“ е финансики подржан од Агенцијата за филм.

2019-05-27T11:13:00+00:00