Крајот на светот

Оригинален формат:
35 мм
Година на објавување:
2010
Времетраење:
21мин.
Режисер:
Јани Бојаџи
Продуцент:
Тихомир Спирковски, Јани Бојаџи
Извршен Продуцент:
Тихомир Спирковски
Монтажа:
Јани Бојаџи, Иванчо Јанчев
Сценарио:
Јани Бојаџи
Директор на Фотографија:
Александар Карпузовски
Музика:
Горан Трајковски
Главни Улоги:
Мето Јовановски, Владо Јовановски
Кратка содржина:

На крајот на летото на Балканот владее голема суша. Птиците преселници враќајќи се од Север, грипосани и жедни умираат на половина пат до нивните јужни домови. Двајца луѓе Татко и Син, се обидуваат да заработат барајќи извори на вода со дрвен Чатал. Стара семејна традиција. Еден ден случајни ќе налетаат на златно-жолт кабел. И покрај противењето на Стариот, за кого тоа е “ѓаволска работа што не смее да се прави“, Синот ќе го пресече кабелот кој очигледно ги напојува Ѕвездите и Месечината. И додека моли за Гревот што го прават, со секој удар , Ѕвездите на небото, како лампиони се гаснат една по една. Последна угаснува Месечината. Како улична светилка.

Фестивали:

Филмски фестивал ДИВАН, Романија, 2013

Фестивал на храна и филм, Поградец, Албанија, 2013

Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Солун, Грција, 2012

Филмски фестивал „Eastern Neighbours“, Утрехт, Холандија, 2012

Меѓународен филмски фестивал, Драма, Грција, 2012

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012

Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2012

Таргова филмски и музички фестивал, Лоџ, Полска, 2012

Сапоро Фестивал на краткометражни филмови, Јапонија, 2012

Филмски фестивал One Country One Film, Франција, 2012

Меѓународен филмски фестивал Краткофил Плус, Босна и Херцеговина, 2012

Таборски Филмски Фестивал, Хрватска, 2012

Филмски фестивал во Ишиа, Италија, 2012

In the Palace Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Бугарија, 2012

Исмаилиа Меѓународен фестивал на краткометражен и докумантарен филм, Египет, 2012

Фестивал на краткометражен филм, Португалија, 2012

Скопски Филмски Фестивал, Македонија, 2012

Фестивал на документарен и краткометражен филм „Кратки метар“, Белград, 2012

Регензбург Филм Фестивал (Regensburger Kurzfilmwoche), Германија, 2012

Меѓународен филмски и музички фестивал Кустендорф, Србија, 2012

Астерфест Меѓународен фестивал на краткометражен и документарен филм, Струмица, Македонија, 2010

Продуцентски куќи:
Суб Продукција
Орде Чопела 30 а
7000 Битола, Р.Македонија
subprodukcija@gmail.com
2018-10-25T10:33:39+00:00