Кружно патување на сенката

Оригинален формат:
2.35:1
Година на објавување:
2013
Времетраење:
7 мин.
Режисер:
Жарко Иванов
Продуцент:
Жарко Иванов
Монтажа:
Гоце Цветановски
Сценарио:
Александар Прокопиев
Музика:
Оливер Јосифовски
Кратка содржина:

Круме, маж во шеесетите и детенце чекорат по Камен Мост кон улица Македонија. Во раката носи млада фиданка, која разлистува полека. Наспроти неговиот тежок чекор и јасната појава, детенцето е како сенка и трчка весело околу него, го задева, си игра. Пристигнуваат на гробиштата каде што Круме покрај еден незнаен гроб го засадува дрвцето. Старица жали во далечината. Станувајќи, гробиштата се претвораат во град и повторно се наоѓа на улица, но овојпат многу постар со поголемо дрвце во раката. Повторно тргнува по патот со детенцето околу него. Градот околу него почнува да се руши, но Круме не го забележува, исто како што не го забележува детенцето. Пристигнуваат на нови гробишта, овој пат дрвцето го засадува покрај гроб на кој се забележува само име Митруш и година на раѓање 1951. Старицата жали потегобно и поблиску до нив. Повторно гробиштата се трансформираат во град и одново Круме и детенцето се на улица. Тргнуваат по истиот пат, но овој пат од ракавите на палтото, од џебовите, од ногавиците, од прстите на Круме почнуваат да растат млади фиданки. Се движи се побавно и побавно. Стигнувајќи до новите гробишта Круме е речиси целосно претворен во дрво и со помош на детенцето застанува до еден гроб. На него го пишува името Митруш и годините 1951-1959. Старицата веќе плаче на неговиот гроб, круме е целосно претворен во дрво, а детенцето исчезнува. Само силниот плач и шумолењето на дрвото ја распаруваат тишината.

Награди:

Специјално признание за анимиран филм – Астерфест – Меѓународен краткометражен филмски фестивал, Струмица, Македонија, 2013

Фестивали:

Меѓународен фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје-фест“, Македонија, 2013

Балканима – европски фестивал на анимиран филм, Белград, Србија, 2013

Фестивал на храна и филм, Поградец, Албанија, 2013

Скопски филмски фестивал, Македонија, 2013

Продуцентски куќи:
Флип Бук Продукција
Багдатска 26/1-3
1000 Скопје, Македонија
ubanob@gmail.com
2018-10-22T16:07:21+00:00