“Ловци на вештерки” е официјално објавен во програмата на 2019 Sundance Film Festival

Покрај документарниот филм „Медена земја“ и филмот “ЛОВЦИ НА ВЕШТЕРКИ” е официјално објавен во програмата на 2019 SUNDANCE FILM FESTIVAL, во натпреварувачка категорија во рубриката „Деца“.Ова учество ќе ја одбележи и неговата американска премиера.

Фестивалот „Санденс“, кој постои од 1981 година, е основан од Роберт Редфорд, и ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари 2019 година, е еден од најголемите филмски фестивали А категорија.

За изданието 2019 одбрани се 112 долгометражни играни филмови од 33 земји, 45 филмови се дебитантски.  За ова издание има рекорден број на пријавени филмови  4,018 се долгометражни од вкупно пријавените 14,259. Од долгометражните 2,251 се интернационални, а останатите од американско потекло.

 “ЛОВЦИ НА ВЕШТЕРКИ” е малцинска копродукција меѓу Србија и Македонија,  прекрасна семејна приказна, која жанровски се движи помеѓу авантура, научна фантастика и семеен филм.

Режисер на филмот е Рашко Миљковиќ, а продуцент  е „Акција Продукција од Србија во копродукција со Дрим Фектори Македонија.

Филмот се реализираше со поддршка на Филмскиот центар на Србија, под-програмата МЕДИА на Креативна Европа, Агенцијата за филм на Република Македонија, Министерството за образование на Република Србија, како и градот Белград.

2018-11-30T12:41:38+00:00