Мајсторот

Режисер:  Иво Трајков

Продуцент:  Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски – Упа

Сценарио:  Љупчо Тодоровски – Упа

Директор на Фотографија:  Виторио Стораро

Кратка содржина:
Охрабрен од Султанскиот указ за еднаквост, права и слободи за сите граѓани на отоманската царштина, Мајсторот, најголемиот балкански црквоградител и сликописец, решава, во црквата што ја гради во своето село, првпат во историјата на својот народ, да го поткрене подот на рамниште на земјата, спротивно тогашното шериетско право! Локалниот Бег, одејќи против Султанот, го апси Мајсторот и му наредува да го врати басмакот – како што си било. Попот, уплашен за судбината на селото бара од Мајсторот да ја сопре изградбата. Мајсторот одбива. Мајсторот, кој посветено го расне и воспитува сина си на благородност и моралност, се соочува со невозможен избор – да отстапи пред заканите и така да ја уништи вербата на момчето во се на што го учел или „да го прави тоа што го проповеда“ и да загрози и изгуби се што љубел и за кое се залагал. , без оглед на положбата и народноста, Мајсторот решава во црквата што ја гради во своето село, првпат во историјата на својот народ, да го поткрене подот на рамниште на земјата, спротивставувајќи се на владеечкото шериетско право, со кое тој мора да биде вкопан за еден басамак во земјата! Локалниот Бег отворено му се спротивставува на Султанот, го апси Мајсторот и му наредува да го врати басамакот – како што си било. Попот, уплашен за судбината на селото бара од Мајсторот да ја сопре изградбата. Мајсторот одбива. Останува сам – само со семејството. Продолжува да слика. По обидот на селаните да ја срушат црквата, и за да си ги отплати долговите, Мајсторот решава да ја смени својата,надалеку позната по раскош и убавина куќа, за црквата. Сам , со Војдана ги привршува фреските и го подучува сина си на Тешкото, на благородното…на раснењето во човек и водењето кон духовноста и добрината, благородноста и моралноста. Утрото на Прочка пристигнува Бегот со ултиматум – црквата или главата. Мајсторот решително ја става главата на трупецот. Румена и Војдан исто така ги ставаат своите глави на трупец, а потоа и сите присутни клекнуваат и ги веднат главите. Бегот, потресен од глетката- му ја подарува црквата и животот и сите си простуват еден на друг.


Продуцентски куќи:
Продукција Видик
Дичо Петров бр.2
1000 Скопје, Македонија
+ 389 77 603 253
+ 389 71 390 037
[email protected]

2019-01-28T12:10:54+00:00