Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) од 27 септември почнува со кинодистрибуција во повеќе градови низ Македонија. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, освен во Скопје, ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид.

На 27 септември (петок) во 20 часот ќе се прикажува во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип. Истиот ден со почеток во 19 часот ќе може да се погледне во НУ Центар за култура – Крива Паланка. На 2 октомври е закажана проекцијата во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 19 часот.

На 3 октомври во 20 часот филмот ќе се емитува во МКЦ „КОЗЈАК“ Куманово. Следниот ден (4 октомври) во 19.30 часот документарецот ќе игра во Домот на културата во Свети Николе, а во 20 часот во „3D Кино“ во Битола и во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Наскоро ќе бидат објавени и термини за кинопроекции и во другите градови.

Инаку, покрај веќе редовните проекции во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, документарецот од 21 септември е на репертоарот и на скопското кино „Милениум“.