Режисер: Вардан Тозија

Продуцент: Дарко Попов

Сценарист: Вардан Тозија, Даријан Пејовски

Директор на фотографија: Владимир Самоиловски


Синопсис:

Осумгодишниот Марко го знае само светот околу неговото засолниште, кое се наоѓа длабоко сокриено во една огромна шума. Впрочем, и единствениот човек за кого знае, е неговиот параноичен, заштитнички настроен Татко, кој е строг човек лишен од љубов и зборови. Надворешниот свет е злобен. Постоиме само ние двајцата. Никогаш не смееш да ја напуштиш нашата магична шума. Марко ги почитува правилата на Таткото без сомневање.

Чувствувајќи се осамено, Марко наоѓа засолниште и одговори за сè во неговата сликовница. Таму, наоѓа одговор и за чудниот знак „М” впишан врз неговата рака. Но, љубопитноста го носи преку забранетите граници на шумата. Еден ден, една мистериозна жена ќе го пронајде Марко. Таа има беспомошен, нежен син со Даунов Синдром по име Мико. Жената се однесува убаво со него, и тоа е нешто што Марко никогаш не го почувствувал претходно. Нивната средба останува тајна. Неколку дена подоцна, Марко ја пронаоѓа жената ранета, а татко му ја убива. Марко е во шок, чувствува омраза кон својот Татко. Плашејќи се дека може да го убие и Мико, Марко бега со својот нов пријател. Но, кога тие се нападнати од страна на луди, разбеснети привиди, таткото доаѓа да ги спаси. Непознатите го каснуваат додека ги брани момчињата. Моменти пред да се самоубие, Таткото му кажува на Марко дека злобните сенки ја инфицираа и Ана, мајката на Мико, така што тој ја спасил од страдањето што ја чека.

Марко е уништен, но знае што треба да се направи. Неговата сликовница раскажува приказна за дете од лисја кое ја бара Самовилата. Тој нема јасна претстава за тоа што значи да се има мајка, или дали воопшто постојат Самовили. Сепак, тој чувствува дека нешто недостасува во неговиот живот. Така, децата тргнуваат на патешествие за да ја пронајдат. Надвор од шумата, Марко се соочува со разурнат свет заплеткан во тишина. Гротескните орди на тоа што останало од луѓето, надвладеани од вирусот на неконтролиран бес, талкаат по патишта на страдањата. Гонети од неколку преживеани фнатици чиешто верување е дека светот мора да заврши, Марко го губи Мико, кој го жртвува својот живот за да го спаси.

Потрагата на Марко и надежта да ја пронајде својата Самовила го води во напуштен град. Бегајќи од Инфицираните, тој се соочува со единица на очајни војници во повлекување. Еден женски поручник се одвојува од единицата. Таа има намера да посегне по животот на Марко, свесна за тоа дека ниту едно дете не се родило нормално откако настана епидемијата. „М“ знакот на раката ја премислува. Марко е дете одамна изгубено, едно од ретките имуни. Оние малкумина со знакот се надежта дека нашиот свет ќе биде повторно изграден. Што се однесува до Марко, тој е среќен. Тој верува дека ја најде својата самовила.


МК, ХР | Пред продукција | Фантазија/Трилер/Драма | Продукција Focus Pocus Films Ко-продукција 4Film (ХР)

www.focuspocus.mk
office@focuspocus.mk