Најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“ ќе биде дел од официјалната програма на Филмскиот фестивал во Рим кој се одржува од 17-27 октовмри.

Милчо Манчевски, еден од „билбордите“ на Македонија низ светот, го заврши својот шести долгометражен филм „Врба“ кој ќе биде прв македонски филм во официјалната програма на овој реномиран фестивал, и оваа година ќе се прикаже заедно со некои од најславните светски филмски имиња. Меѓу нив е и новиот филм на Мартин Скорсезе, „Irishman“, документарецот „Павароти“ на Рон Хауард, како и „Motherless Brooklyn“ на Едварт Нортон, кој ќе го отвори Фестивалот.

Филмот „Врба“е приказна за три млади мајки. Едната се случува во средниот век во Македонија, а другите две приказни се современи. Приказните се надополнуваат, се отсликуваат, а истовремено се и контраст една на друга. Се работи за љубовни приказни, во кои главната тема е лојалност, понатаму односот на општеството кон поединецот, и односот на поединецот кон општеството.

Во континуитет на експанзија која ја доживува домашната кинематографија во изминативе две години, филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, ќе ја зголеми тензијата и љубопитноста кон нашиот филм и ке навлезе во крвотокот на нашата култура.

Агенцијата за филм се обидува да обезбеди методологија со која македонската кинематографија ќе го добие своето вистинско место во светската филмска уметност. Целта на Агенцијата е секогаш да ги подржи продуцентите, режисерите, сите филмски работници во својата креативност и автентичен порив за создавање на подвижини слики.

Агенциијата за филм најавува  промена на застарената законска регулатива која уште повеќе ќе го афирмира филмот и ќе ги зајакне капацитетите за негова логистика.

После големата светска премиера филмот „Врба“многу скоро ќе може да го погледне и македонската публика и ќе се најде на редовните репертоари на домашните кина.