„Незаборавна пролет во заборавено село“ ја освои наградата на публиката за најдобар филм на PriFest 2019

Долгометражниот игран филм „Незаборавна пролет во заборавено село“, по сценарио и режија на Куштрим Бектеши ја освои наградата од публиката за најдобар филм на 11 издание на PriFest 2019 кое се одржа во периодот од 16-21 јули во Приштина, Република Косово.

Филмот е во продукција на Мануфактура Продукција (Македонија) и Сашо Павловски, во копродукција со Медиа&Филм Продукција (Косово) и Мумин Јашари, Ска-ндал Продукција (Албанија) и Генц Пермети, и Скупифестивал (Македонија) со Музбајдин Ќамили и Осман Ахмети.

Директор на фотографија е Алмир Џиколи, композитор Тримор Доми, монтажер Радован Петрович, сценограф Дурим Незири, костимографка Жаклина Крстевска, дизајнер на звук Дарко Спасовски.

Во филмот играат голем број актери од Македонија, Косово, Албанија и Бугарија, меѓу кои и Осман Ахмети, Адем Карага, Амернис Никшиќи Јовановска, Флора Кадриу, Блерим Дардишта.

Филмот е македонско-косовско-албанска копродукција и финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Центар за Кинематографија на Косово, Национален центар за кинематографија на Албанија, Радиотелевизија на Косово, Македонска Радиотелевизија 2 и Радиотелевизија на Албанија.

2019-07-23T11:13:53+00:00