Не чепкај со валкани раце

Оригинален формат:
16:9
Година на објавување:
2014
Времетраење:
52`
Режисер:
Венцислав Ристов
Продуцент:
Богдан Јончевски
Монтажа:
Богдан Јончевски, Коле Јовановски
Сценарио:
Гена Теодосиевска
Директор на Фотографија:
Виктор Јончевски
Музика:
Танасков Борис
Главни Улоги:
Танас Луловски
Кратка содржина:

„Не чепкај со валкани раце“ ги обработува приликите и настаните по 1949 година, кога македонците кренаа можеби подолго подготвувано востание против грчката централна власт, па се до пропаста и ликвидацијата на една од нашите најголеми стремежи за слобода и еднаквост на Балканот. Силната поддршка што Грција ја доби од слободумниот свет, резултираше со идеолошка рамнотежа и со протерување на 50.000 македонци како нус производ. Светот ја премолчи голготата на еден голем народ, но не успеа да ги замолчи децата на хероите кои израснаа во херои. Секако дека еден од најчувствителните и нерасветлени периоди од историјата на македонскиот народ е токму овој период. Во давањето на појасна слика за приликите во тоа време како случаен сведок успеал Танас Луловски. Неговите дела се ехо на стравовите и траумите од детството. Тага и болка на платно, тага и болка на хартија, тага и болка на Кодак. Децата на хероите ја поставија основата од која ние помладите уметнички и научно- историски кадри понатаму ќе го продлабочуваме еден од најистакнатите периоди од историјата на македонскиот народ. Токму тогаш кога ќе биде обединет ќе претставува една силна целина и полесно ќе се носи со предизвиците кои доаѓаат, а Танас Лулевски замина заборавен и од еснафот и од државата. По смртта доаѓа заборавот, а по заборавот нема ништо.

Фестивали:

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Македонија, 2014

Продуцентски куќи:
Ситистар Продукција
Белишка 13a 
1000 Скопје, Maкедонија
citystar_production@yahoo.com
2018-10-24T09:25:53+00:00